Возач од Германија им порача на колегите „Нека не ве лажат дека овде платата е 4.500 евра“!

„Глупост е дека возачите во ЕУ да заработуваат од 4.500 до 5.000 евра“, вели камионџија од Германија!
Проблемот со недостиг на работна сила во секторот патен транспорт, со посебен акцент на возачите на камиони кои масовно ја напуштаат Босна и Херцеговина за подобри плати и услови за работа во Европската унија, секојдневно станува се поизразен.

Во последно време често слушаме информации дека во Босна и Херцеговина возач кој поминува 25, па и 30 дена зад волан не може да заработи повеќе од 1.500 до 2.000 марки, додека во Германија платата на професионалниот возач е од 4.500 до 5.000 евра, во зависност од компанијата за која работи.
Сепак, возачот кој работи како професионален камионџија во Германија објаснува дека работите не се толку идеални во Германија.

Возач од Германија вели дека не познава ниту еден возач кој има толкава плата во Германија и не верувајте на тие приказни.
Платите во Германија се изразени во бруто износ, што значи дека ако некој заработил 4.500 евра платата би му била околу 3.000 евра, се зависи од тоа во која даночна група припаѓа.
Еве колку навистина заработува камионџија во Германија?

„Ако живееш и работиш во Германија, становите чинат од 1.000 до 1.500 евра, што значи дека од просечната плата од, на пример, 2.500 евра, ти остануваат околу 1.500 евра за живеење, а ако жена ти не работи, доволно е за храна и автомобил ако го имаш“
„Ме лути тоа што се објавуваат лажни информации според кои во Германија се е идеално, а всушност животот е полесен, но не толку идеален“, објаснува возачот кој веќе неколку години работи во Германија.




