Водителката се прошета во црни проѕирни панталони, гори интернетот од нејзиниот шарм и с*ксапил (фото)
Тренд што многу дами ќе го копираат оваа сезона
Многумина воодушевени кога ја видеа во вакво издание
Лила Филиповска важи за една од нашите најхаризматични водителки, а титулата „омилена“ ја заслужи како со својата непосредност и опуштеност со кои „од прва“ ги освојува гледачите, така и со неодоливата енергија со која секогаш зрачи, каде и да се појави.
Но покрај тоа што плени со својот шарм, таа често знае да го освои вниманието и со своите провокативни изданија.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Впрочем така беше и овој пат кога годината ја заврши со уште едно прекрасно издание со кое никого не остави рамнодушен.
Имено, таа позираше во комплет од тантела и металик нијанса, составен од црни проѕирни панталони и светкав горен дел.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката преку овој сет кој е хит оваа сезона носеше црни сако и црни сандали со тенки високи потпетици.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Ваквите изданија од тантела многу познати дами ги носеа оваа година, а Лила во него блескаше како никогаш досега.
Како Лила изгледаше во ова свое празнично издание, но и пораката што таа ја напиша под новогодишните фотографии на кои се сликаше со своите мачки, погледнете и прочитајте во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Кога ќе ме праша некој по што ќе ја паметам оваа година , јас навистина не знам од каде да почнам“.
„Можеби со вдомувањето на нашиот нов член Мајло кому му го спасивме животот и сега ни го разубавува секојдневието со неговите палавштини и дружењето со Рагнар❤️ Можеби по чистиот пет скен и мојата победа во битката со ракот, можеби по успешната професионална сезона, многуте патувања… и не, не дека немало и помалку убави моменти ама тие не заслужуваат простор во овој пост.“
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„И секако благодарност до сите оние кои на било кој начин учествувале во овие важни моменти за мене ❤️ А вам драги мои ви посакувам убава и среќна година и НИКОЈ ДА НЕ ВИ ФАЛИ И НИШТО ДА НЕ ВЕ БОЛИ, Вашата Лила“, напиша познатата водителка.