Водителката се појави пред камерите и настана молк во студиото – ПОГЛЕДНЕТЕ го ова издание, никогаш не изгледала поубаво!
Нашата позната водителка уше еднаш покажа модно издание на кое можат да и завидуваат многу колешки.
Водителката Лила Филиповска во емисијата „Сé или нешто“ се појави во едно од најубавите изданија досега.
Лила, која е препознатлива по своите впечатливи и неодоливи модни комбинации со кои речиси секогаш ги воодушевува своите фанови, и овој пат го привлече вниманието на медиумите со својот стил.
Имено, шармантната водителка овој пат пред камерите во популарното телевизиско шоу се појави во полу-проѕирно издание со кое дефинитивно никого не остави рамнодушен.
Таa носеше полупроѕирен фустан кој совршено стои на нејзиниот темперамент, а целото издание го зачини со предимензионирано црно сако кое на целата комбинација и даде еден посебен шарм.
Фустанот е во беж нијанса и во два слоја, од кои првиот е со кусо здолниште преку кој оди транспарентниот дел со кој водителката акцентот го стави на своите убави нозе на кои носеше елегантни сандали.
Таа и покрај тоа што беше речиси целосно покриена повторно зрачеше со својата беспрекорна женственост, а како изгледаше и зошто сите беа воодушевени од ова нејзино издание, погледнете во продолжение:
Транспарентниот дел од фустанот внесе заводлива нота во целото издание, во преден план ставајќи ги нозете.
Кусото здолниште го откри овој дел од нејзиното тело, а Лила целото издание го заокружи со елегантни високи потпетици.
Покрај ова издание, водителката покажа уште една интересна комбинација во која ќе ја гледаме во нејзиното шоу.
Како таа изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска