Водителката од Телма ужива на најубавата плажа во Охрид со двата сина
Семејството во проширен состав ужива на првиот заедничкиодмор.
Цеце од Телма сподели фотографии од семејниот одмор во македонскиот бисер, Охрид.
Цеце Тодосовска, водителката на „Утринска на Телма“ и летово не пропушти да го посети Охрид заедно со сопругот Стојан и двата син Бодан и Симон.
Цеце и нејзиниот сопруг Стојан стапија во брак во 2018 година.
Плод на нивната љубов се нивните два сина, 4-годишниот Бодан и Симон кој водителката го роди во мај годинава.
Бременоста со Бодан ја чуваше во тајност се до породувањето, а нејзините колеги открија едка се родил со фотографија на која се гледа како јадат мекици во негова чест. Дека очекува второ дете Цеце откри во седмиот месец од бременоста.
Водителката максимално ужива во мајчинството и тоа воопшто не ја спречува да ги извршува сите активности кои ги имала и пред да стане мајка.
Заедно со децата патува, планинари и спортува.
Оваа година, семејството во проширен состав замина на семеен одмор и како и секоја година не пропушти да го посети Охрид.
Тие се во Љубаништа, плажа која според водителката е најубава во Охрид.
„На најубавата плажа во Охрид, на која Бодан порасна и на која ѝ се враќаме секоја година. Оваа година во проширен состав“, напиша Цеце и објави неколку семејни фотки на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска