Водителката од Сител ужива на плажа, сите колешки и порачуваат дека изгледа топ во костим за капење
Водителката позираше во провокативно издание
Нашата позната водителка ужива во својот августовски одмор од каде сподели фотографии во костим за капење.
Водителката Јована Стојменовиќ важи за една од најатрактивните дами од нашите мали екрани, а сега тоа го докажа и со неколку фотографии што ги сподели на социјалните мрежи и сите ги воодушеви.
Таа најпрво позираше во костим за капење веднаш покрај морето, и тоа под месечината, а потоа сподели уште неколку фотографии.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Сепак, најмногу внимание привлече со фотографијата на која се гледа како седи на плажата и ужива во жешкото сонце.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Јована со ова свое издание покажа дека има тело од милион долари, затегнато како „прачка“ и манекенски нозе.
Нејзините следбеници беа воодушевени од ова нејзини издание, а под една од овие фотографии коментираше и нејзината колешка Лила Филиповска која и порача дека е преубава.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Потсетуваме, Јована своевремено беше и дел од модната сцена кај нас, па во една пригода позборувавме со неа за нејзиниот стил.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Таа не крие дека за неа шопингот е многу забавен и вистинско уживање, посебно кога тоа го прави заедно со нејзината сестра.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Но не робува на скапи парчиња, туку за неа најважно е парчињата да бидат во склад со карактерот, професијата, статусот…
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Еве што вели таа за нејзината добитна вечерна комбинација:
„Преку облеката комуницираме со нашата околина и „откриваме многу за себе“, особено на прв поглед. Всушност, околината често ќе извлече некаков заклучок за нас токму според она што го носиме на себе, уште пред да кажеме збор. Затоа, при изборот на гардероба за една вечерна забава, добро е да размислиме што всушност сакаме да добиеме со таа „добитна комбинација“? :) Аналогно на тоа, јас одбирам што ќе облечам. Ако ми е најважна удобноста и само да се забавувам одбирам џинс и кошула надополнети со модерни детали како впечатлив ремен, накит, чанта… но ако имате други планови за таа забава, нека биде или гламурозно или шик или умерено секси или ултра модерно“.
„Приоритет секогаш нека биде комбинацијата да е во согласност со модните трендови, но задолжително да ја истакне вашата убавина, а да ги сокрие недостатоците што сите ги имаме“, изјави Јована во една пригода за Гламур магазин.