Водителката од „Брза кујна“ покажа како изгледа нејзиниот сакан – ИЗГЛЕДААТ како совршен пар, а еве и со што се занимава тој
По заминувањето на Алксандра Илиевска од емисијата „Брза кујна“, срцето на публиката го освои шармантната Сања Савеска која дојде на нејзино место.
Заедно со готвачите Марк и Никола, Сања ги развеселува гледачите на кулинарското шоу оваа година.
Инаку, Сања е познат телевизиски лик од утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24.
Иако навикната да биде продуктивна во раните утрински часови, Сања одлично се справува попладне кога имаме можност да ја гледаме како домаќинка на „Брза кујна“.
„Телевизијата е една магија, која штом ја почуствувате еднаш, тешко дека лесно ќе се откажете, ве обзема целосно, едноставно станувате зависни од адреналинот кој го носи оваа работа. Има навистина премногу предности кои едноставно ги засенуваат недостатоците, работејќи во ТВ секогаш сте помеѓу првите кои ги дознаваат информациите, можете секому да се јавите и да побарате интевју, ѕвездите кои до вчера ви изгледале далечни седат спроти вас и можете да ги прашате сè што сакате, редовно ве препознаваат на улица, па понекогаш може да добиете и нешто гратис на пазар. Како и секоја работа и оваа има стресни моменти, но тоа бргу мора да помине, затоа што гледачите сакаат и заслужуваат да ве гледаат насмеани, изјави Сања во една прилика за порталот „хаштаг“.
Публиката одлично ја прифати, а таа вели дека повеќе слуша позитивни коментари за себеси отколку негативни.
За негативните коментари вели дека сака да ги слушне и разгледува за да разбере зошто некој ја доживеал на таков начин затоа што секој има право на свое мислење.
Инаку, Сања има дипломирано на Политички студии, а како што вели нејзина детска желба биле театарот и филмот.
Сања е доста активна на социјалните мрежи и често споделува фотографии додека е на работно место, но и од најблиските и саканите.
Нејзина најголема поддршка во животот, како што самата откри во една пригода, е нејзиниот партнер Томи.
Таа често знае да сподели и фотографии со него и да напише емотивна порака посветена за својот сакан.
„Секој слободен момент го користам да бидам со мојот партнер Томи кој е моја поддршка во се’ што работам. Сакаме многу да шетаме во природа,но и да се возиме на мотор. Во старата реалност сакавме да посетуваме концерти и театарски претстави. Секогаш покрај себе имам добра книга, а голем дел од слободното време го поминувам со моите внуци Матеја и Михаил од кои ја добивам најчистата љубов и енергија“, изјави водителката во едно свое интервју.
Во новогодишната честитка до фановите таа откри и што работи нејзиното момче.
„Подготвени сме за новата година, посакуваме здравје и љубов за сите. Јас посакувам меѓудругото да успеам да ги забавувам гледачите во Брза кујна, да бидат сите насмеани, а Томи и понатаму успешно да им помага на пациентите и да спасува човечки животи.
Сакајте се и бидете заедно во домот, прославете со најблиските, да помине оваа состојба па сите безгрижно да излеземе заедно на улиците“, напиша таа.
Во една прилика таа откри дека најзаслужен за тоа што е таа денес е легендарниот актер Димче Мешковски, затоа што Сања уште од најмала возраст својата кариера ја започнала како актерка во неговата школа.
Актерот повеќе не живее во Македонија, каде се лекува, а и помага на својата ќерка и внука.
Сања неодамна објави фотографија со него, а во опис напиша трогателна порака.
„Во очекување на нашата следна средба. Чичко Димче, најдобриот човек на светот“, напиша водителката.
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска