Водителката од Брза кујна како на црвениот килим од доделувањето на Оскарите – ќе се изненадите
Гламурозна на свој начин, фановите воодушевени
Познатата вoдителка на Брза кујна, Сања Севеска, се пофали со своето ново издание и сите ги воодушеви.
Една од омилените водителки во Македонија објави неколку фотографии на својот профил на социјалните мрежи.
Дотерана од глава до пети, Сања блескаше во ова свое елегантно издание, а многумина и порачаа дека изгледа перфектно.
Инстаграм/ Сања Савеска
Таа носеше елегантен црн фустан зачинет со длабок шлиц со мали ресички, а целото издание го зачини со златни сандали.
Евидентно е дека ова издание ги воодушеви сите, што може да се забележи и од бројните комплименти што си ги доби.
Инстаграм/ Сања Савеска
Потсетуваме, водителката Сања Савеска покрај својата успешна кариера и тоа што често ја гледаме на малите екрани, во последно време е поприлично активна и на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Сања Савеска
Па така на Инстаграм можеме да ја видиме и во многу поопуштени изданија отколку на телевизија, па дури и во костими за капење.
Инстаграм/ Сања Савеска
Како Сања изгледа и во ова издание, ѕирнете тука, а повеќе нејзини модни комбинации погледнете во продолжение…