Водителката на Евровизија седна како Шерон Стоун во „Основен Инстинкт“ – следуваше шок
Претпоставуваме дека поради еуфоријата со Тамара, и вие ја испуштивте оваа сцена со познатата манекенка
Манекенката Бар Рафаели беше невнимателна и постојано ги префрлаше нозете од една на друга страна, а нејзините обожаватели коментираа дека ги потсетила на култната сцена од филмот „Основен инстинкт“ од 1992 година во кој главната улога ја играше Шерон Стоун (61).
Бар Рафаели (33) беше една од водителките на овогодинешниот 64 Евровизија, а најмногу внимание привлече со своите провокативни комбинации.
Таа во финалето со својот припиен фустан со шлиц до папокот го засени и победникот од Холандија, Дункан Лоренс (25), а публиката особено се израдува кога поранешната девојка на Леонардо Дикаприо (44) зборуваше со минатогодишната победничка, Нета Барзили (26).
Русокосата Бар која е висока 175 сантиметри седна на столот и ги покажа своите раскошни нозе, а фановите на музичкиот спектакл коментираа дека ги потсети на култната сцена со Шерон Стоун од познатиот филм.
Во моментот кога ги рашири нозете, камерата нагло се подигна, а гледачите останаа да се прашуваат дали носи нешто под фустанот бидејќи многумина коментираа дека заборавила да ја понесе долната облека.
Инаку Рафаели државата ја гони поради неплатен данок. Покрај тоа израелското министерство за правда објави дека ќе мора да плати и 30.000 евра трошоци на судот. Манекенката е обвинета дека не ги пријавила потполно своите милионски заработки во Израел и во странство.
Таа иако изјави дека во спорниот период (се однесува за 2009 година) воопшто не живеела во Израел, судот пресуди поинаку. Таа наводно плаќала многу ниска кирија за својот скапоцен стан во Тел Авив, а луксузниот автомобил го добила заради својата промотивна работа.
Но судиите во Израел не сакаат да и прогледаат низ прсти