Водителката на „Брза кујна“ објави фотографија со партнерот – РОМАНТИЧНА ПОРАКА, овој момент сите го чекаа!
Кај познатата водителка љубовта цвета!
Познатата македонска водителка, Сања Савеска, не крие дека е среќна и исполнета во љубовниот живот.
Таа на својот Инстаграм објави љубовна фотографија со која ги воодушеви своите бројни пријатели и фанови.
Водителката на „Брза кујна“ овој пат се снимаше во автомобилот заедно со својот партнер Томи, и романтичниот момент го сподели и ги воодушеви бројните следбеници на социјалните мрежи.
„И двајцата сте прекрасни личности“, напиша една девојка која очигледно ги познава, под нивната заедничка фотографија.
Инаку, Сања е поприлично активна на социјалните мрежи и често споделува фотографии како од своето работно место, така и кога е со најблиските. Таа не крие дека најголема поддршка во животот е токму нејзиниот партнер Томи со кого често посетуваат концерти и театарски претстави.
Томи е спец. неврохирург, а таа има дипломирано Политики науки, и како што самата откри во една пригода, се запознале сосем случајно.
„Неговата упорност како карактерна особина ме привлече. Му се воодушевувам на енергијата што ја има , и што не отстапува од своите цели колку и да тоа значи жртва и отстапки од многу нешта“, изјави таа во една пригода за својот партнер, кого под заедничката фотографија го нарече:
„Мојот супер Тони!“
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска