Водителката Лила се соблече, па потполно се опушти – се чувствува како најубавата жена на светот (фото)
Водителката со ова издание ги воодушеви своите фанови
Водителката одлучи да ги изненади своите фанови
Познатата водителка Лила Филиповска одлучи да ги изненади своите фанови со една интересна фотографија.
Таа позираше во црно боди, преку кое носеше два кожни ремени, па снимката ја објави на својот профил на социјалните мрежи.
„Ви се заблагодарувам што секогаш правите да се чувствувам како најубавата жена на светот“, напиша Лила од снимката што ја објави.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Во центарот на вниманието беше нејзиното раскошно деколте, но и новата шик фризура што ја носи веќе некое време.
Потсетуваме, една од нашите најпознати водителки и инфлуенсерки во центарот на вниманието досега била милион пати, но својот љубовен живот го крие како змија нозете.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Како што самата повеќе пати досега има истакнато, се уште не го нашла вистинскиот, но дали ова се уште важи, се надеваме дека наскоро ќе откриеме. Сепак, од нејзините објави на социјалните мрежи може да се заклучи дека е една емотивно исполнета жена, но и слободна и привлечна дама која плени каде и да се појави.
За тоа зборуваат и бројните позитивни коментари што Лила ги добива под секоја своја објава, а впрочем таков беше случајот и сега.
„Блескаш“, „Убавица“, „Убавини“, беа само еден мал дел од коментарите што Лила ги доби под ова свое издание на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Лила Филиповска
А како Лила Филиповска изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…