Водителката Ирена Спировска и пејачот Благоја Грујовски повторно заедно – никогаш не изгледале поубаво!
И двајцата блескаат на ова преубаво место
Тој како манекен, а таа како принцеза
Една од нашите најубави и најпознати водителки Ирена Спировска и еден од нашите најдобри фолк-пејачи Благоја Грујовски долго време соработуваа заедно во емисијата „Везилка“.
Но неодамна сите ги изненади веста дека Ирена и Благоја повеќе нема да ги гледаат во оваа емисија.
Имено, новата сезона на „Везилка“ започна со нов тим, а Благоја за нашите медиуми потврди дека емисијата продолжува со нови водители, а тој повеќе нема да биде дел од неа затоа што завршил циклусот и по 100 снимени епизоди во кои тој бил гостин водител смета дека навистина дошло време за промени и нови предизвици во животот.
Фото: Фејсбук/ Ирена Спировска
И додека оваа вест се уште се вртеше низ медиумите, Ирена и Благоја завршија повторно заедно на социјалните мрежи.
Нивните заеднички фотографии ги изненадија сите, а станува збор за еден настан во Измир, Турција, на кој што тие беа гости.
Фото: Фејсбук/ Сања Цинцева
Со нив беше и пејачката Сања Цинцева која објави една заедничка фотка на која сите блескаат и изгледаат прекрасно.
Ирена облечена во црвен фустан и со нејзината препознатлива насмевка, а Благоја во бела кошула и манекенски став.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
И Ирена објави неколку фотографии од ова патување во Турција, а посебно внимание привлече со оние на кои позираше во преубава сина креација во која изгледаше како холивудска дива.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Убавата водителка со ова свое издание предизвика лавина од реакции и комплименти, а најубавиот секако го доби од својот партнер.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
„Како уметничка инсталација си во просторов Спировска“, и напиша Душко Исајловски додавајќи и едно срценце.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Ирена и Душко веќе неколку години се во врска, а Ирена веднаш го забележа неговиот коментар и му одговори:
„Ти благодарам љубов моја“, напиша водителката.