Водителката Дракче сподели среќна вест, радост во НЕЈЗИНИОТ ДОМ – на честитките им нема крај!
Дракче со емотивна порака за својата ќерка
![](/wp-content/uploads/2023/09/drakce1-1-780x470.jpg)
Познатата водителка ја покажа својата убава наследничка
Водителката Драгица Стевковска Дракче кој публиката ја засака по емисијата „Патот на светлината“ сподели преубава вест.
Дракче долги години е во брак со познатиот македонски пејач на народна музика, Орце Стевковски.
Тие имаат две ќерки, од кои на постарата денес и е роденден, па водителката се пофали на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Драгица Стевковска Дракче
Имено, Драгица и Орце имаат две ќерки, Ангелина и Александра, а на едната од нив денес и е највеселиот ден во животот.
„Денес ни е среќен ден на нашата прва среќа роденден. Жива здрава и многу среќнааааа . Ангелина -Ане“, напиша Дракче со уште неколку срценца под нејзина фотографија на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/ Драгица Стевковска Дракче
Во коментарите веднаш почнаа да се редат честитки, но и бројни комплименти дека Ана личи на неа.
Фото: Фејсбук/ Драгица Стевковска Дракче
Инаку, водителката ретко споделува фотки од своите деца, но кога и да го направи тоа привлекува големо внимание.
Фото: Фејсбук/ Драгица Стевковска Дракче
Покрај Ангелина таа и Орце ја имаат и ќерката Александра која исто така не сака премногу да се експонира во медиумите.
Фото: Фејсбук/ Драгица Стевковска Дракче
Водителката не споделува често нивни фотки, но кога е овој посебен ден во прашање таа знае да направи исклучок.
Фото: Фејсбук/ Драгица Стевковска Дракче
Впрочем така беше и за роденденот на Александра, пред неколку месеци, кога исто така направи исклучок и ги воодушеви сите.
Фото: Фејсбук/ Драгица Стевковска Дракче
„Убавино мајкина никогаш ама никогаш да не те напушти насмевката… Среќен роденден“, напиша тогаш Дракче.