Водителката Деа Ѓурѓевиќ извади дел од гипсот и сподели фотографија на Инстаграм
Храбрата водителка е пресреќна што закрепнувањето по тешките операции се одвива одлично
Водителката на телевизија Пинк, Деа Ѓурѓевиќ, успешно закрепнува по тешката сообраќајна несреќа што и се случи пред неколку месеци, кога за малце ќе останеше без едната рака.
Таа неодамна се врати пред малите екрани и повторно е водителка на утринската програма „Ново утро“ со својот колега Предраг Сарап, а последното нешто со што симпатичната Деа ги израдува сите беше и тоа што извадила дел од гипсот и не ги носи повеќе медицинските завои.
Храбрата водителка објави фотографија на својот профил на социјалните мрежи од фризерски салон на која јасно се гледа дека извадила дел од гипсот.
„Имам се уште гипс, но само на долниот дел од раката. Порано имав многу поголем гипс отколку што имам сега. Тргнав дел од гипсот, но само здравје, наскоро ќе го тргнам целиот. Се надевам дека ќе го тргнам и другиот дел од гипсот до крајот на неделата“ – изјави водителката и истакна дека нејзиниот доктор е презадоволен од напредокот.
„Сите се воодушевени, сите се среќни поради мене, што ми дава дополнителна мотивација“, истакна Деа.
Еве како тоа порано изгледаше: