Водата мирува, но не и Ирена Спасовска: Објави фотографија и го стресе Инстаграм, а повеќе од три децении е на музичката сцена!
Кога станува збор за оваа македонска фолкерка јасно е дека знае како да го привлече вниманието.
Иако долги години е на македонсаката фолк сцена во последно време се почесто провоцира и објавува фотографии кои ја „скокоткаат“ машката фантазија.
Ирена Спасовска и овојпат ги почести своите фанови со една интересна објава, односно без маичка и со ружи ги покри гpaдите и ги вжeшти социјалните мрежи.
Следеа илјадници коментари и пофалби nа сметка на фолкерката која во последно време сериозно е решена да се врати во топ форма и со секоја нова објава ја воодушевува својата верна публика.
Таа често е средена од глава до пети и изгледа совршено, но нема проблем да позира и без шминка.
За разлика од некои дами Ирена неодамна објави фотографии и кратко видео на кое нема ни грам шминка, покажувајќи како изгледа во природно издание.
Изгледа одличнo, а ова е нејзината тајна
За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.
Секое утро, таа пие свеж лимон со пола литар топла вода, и тоа многу ѝ помага во топење на мастите.
Нејзиното издание во кое позираше тo-плec никого не остави рамнодушен , а посебно мажите меѓу нејзините фанови (фотографијата може да ја видите на нејзиниот Инстаграм профил, но бидете внимателни!).
Повеќе од три децении е на сцената
Познатата пејачка долги години трае на македонската музичка сцена, а зад себе има многу хитови.
Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 година додека постоеше.
Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.
Дваесет и седум години како повеќе не настапуваат заедно, а постарата генерација сè уште ги памети по нивните хитови.
Секој од нив замина по свој пат, но сите тројца се и повеќе од успешни во сè што прават.