Реклама
Трендови

„Вог“ пресуди – ова е најпопуларниот фустан за лето 2019

Реклама

Британскиот Вог пресуди – за најпопулaрен фустан за оваа летна сезона го избра моделот од данскиот бренд „Ganni“.

Впечатлив неонски фустан од данските мајстори со енергичен и неконвенционален стии пишаа во „Вог“ и додадоа дека дури шест дами што работат во овој магазин го имаат истиот фустан, а имаат многу различен стил. Во прашање е фустан направен од материјал кој претставува одлична мешавина од памук и полиестер, кој воопшто не држи жешко, не се тутка и е крајно пријатен и удобен за носење.

Маркетинг

Како што можевме да прочитаме во коментарите за него, наводно им стои убаво на сите жени, без разлика каква градба и колку килограми имаат, и тоа благодарение на еластичниот материјал што го има, и прилагодливиот крој.

Маркетинг

 

„За некој како мене кој има големи гради и нема воопшто желба да ги покажува нозете, ова е многу ласкава опција. Благодарение на материјалот можеш само да го свиткаш и фрлиш во торбата, а потоа на брзина да го извадиш и облечеш. Го носев на плажа со сандали и на вечера со диско чанта. Се мие во машина на 30 степени и не треба да се пегла“, вели Наоми Пајк, уредничката на Мис Вог, очигледно воодушевена од овој модел кој веќе е хит и на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button