И во Македонија постојат ваков тип на жени
Од една страна и ние имаме девојки кои несомнено личат на Ким Кардашијан,..
Џиџи Хадид
Или Кендал Џенер.
https://www.instagram.com/p/BjGH8DwAy5t/?taken-by=kendalljenner
Тоа се оној тип на девојки кои секогаш сакаат да се во центарот на вниманието, но најмногу со својот сексапил кој не ретко е „апдејтиван“ со по неколку пластични операции. Тие кога ќе ги „намирисаат“ фотографите или кога ќе застанат пред огледалото да направат „селфи“ фотографија, даваат се од себе за да изгледаат што е можно подобро, не оставаат ништо на случајноста, па така секој нивен чекор, односно секоја нивна поза е однапред добро испланирана па не ретко на фотографиите изгледаат дури и нереално.
Од друга страна имаме девојки како Мијата
Калиопи …
Или Тамара.
https://www.instagram.com/p/BiXom_Kl8wa/?taken-by=tamaratodevska
Тие и кога знаат дека фотографите се во близина изгледаат потполно опуштено и воопшто не се во фазон дека треба да изгледаат најдобро на светот.
https://www.instagram.com/p/BjjtQ7cgDc4/?taken-by=kaliopibukle
Наместо да позираат уживаат максимално во секој момент, а кога прават селфи, покрај природната убавина зрачат и со нивната позитивна енергија и искреност.
Всушност го прават сето она што го прави и секоја нормална жена, со израз на лицето кој зрачи од среќа.
https://www.instagram.com/p/BcQWZbYgzuR/?taken-by=tamaratodevska
И сигурни сме дека знаат како да си поминат дури и десет пати подобро од било која девојка која секој момент го користи да направат само совршено „селфи“ и да собере колку што може повеќе лајкови на социјалните мрежи.
Затоа наместо селфи ова лето изберете дружење со пријателките и забавувајте се максимално со нив. Изгледајте опуштено без разлика дали сте на плажа, во костим за капење, или излезени на некоја луда забава, во фустан или фармерки, во друштво на позитивни типови. Едноставно, зрачете со позитивна енергија и во овој свет (пре)полн со девојки како сестрите Кардашијан изберете да бидете свои.
И не заборавајте – не е важно колку пријатели имате на Инстаграм и Фејсбук, туку во вистинскиот живот!