Во оваа куќа пораснал Дарко Лазиќ – не се споредува со луксузниот стан од 300.000 евра во кој живееше и го остави на поранешната
Куќата е далеку е од луксузот што го имаше во станот од 300.000 евра во кој живееше со поранешната сопруга
Откако медиумите го фатија во друштво на пејачката Ана Севиќ, а неговата свршеница Марина Гагиќ објави фотографија на која е сама со бебето, се погласни се злите јазици кои тврдат дека познатиот пејач решил да и се врати на својата поранешна сопруга. Овие гласини до толку земаа замав што дури и самиот Дарко реши да се огласи во медиумите и да ги демантира, што досега не го правеше често кога се во прашање „пикантерии“ од неговиот приватен живот.
Тој ги демантираше гласините дека со Марина повеќе не се заедно и изјави дека наскоро планираат да направат свадба.
Тој откри дека ќе се венчаат во мај и призна дека се видел со поранешната сопруга кога му ја донела Лорена, неговата ќерка.
„Марина е мојата идна сопруга и мајка на мојот син“, изјави Дарко и даде до знаење дека не постојат никакви „теории на заговор“ во врска со него и неговата поранешна сопруга со која неодамна и официјално се раздели. Имено, тие иако веќе подолго време не живееја заедно, официјалниот развод го потпишаа дури пред неколку месеци.
Дарко се прослави кога во 2009 година победи во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ по што следуваше популарност со која успеа да обезбеди стан од 300.000 евра.
Тој во овој стан живееше со поранешната сопруга и нивната ќеркичка до разводот, а потоа тој се отсели од него.
Бидејќи беа во брак, станот е заеднички, но нивниот имот се уште не е поделен, иако тие и официјално се разведени.
„Најверојатно половина ќе припадне нејзе, а половина на мене“, изјави Дарко во една пригода. Тој во моментов гради и куќа во Брестач, неговото родно место, каде што ќе живее со сопругата и нивниот син.
Неговата родна куќа е далеку од луксуз како што можете да видите и самите од следните фотографии.