Реклама
Вирално

Во Норвешка зебалежан бел ирвас кој е многу редок вид – еве што, според народното верување, ќе го „снајде“ оној што ќе го сретне

Реклама

Белите ирваси се редок вид што се појавува само одвреме-навреме и навистина изгледаат волшебно.

Ова симпатично младенче се појави во Норвешка од една шума заедно со неговата мајка која беше во кафеава боја. Кога се сретна со 24-годишниот фотограф, Мадс Нордсвен, настанаа овие неколку навистина магични фотографии. Малиот Ирвас воопшто не се исплаши, туку го гледаше човекот директно во очите и кога виде дека не му се заканува никаква опасност, како намерно да почна да позира за фотографиите.

Маркетинг

Сигурно ќе се согласите со нас дека овој редок бел ирвас е пресладок, особено на начинот на кој се вклопи во снежната покривка во близина на норвешките шуми.

Маркетинг

Белите ирваси ја имаат оваа боја поради генетски мутации поради кои немаат пигменти во крзното, но сепак не се класифицираат како албино вид поради темната пигментација во очите и роговите.

Се претпоставува дека ова младенче што го гледаме на овие фотографии има само неколку месеци, бидејќи младенчињата секоја година се раѓаат во мај.

Според локалното население во Норвешка појавувањето на белиот ирвас кој е многу редок вид асоцира на тоа дека следува и бел Божиќ и многу снег. Според нив тие носат среќа, посебно ако ги видите во исто време кога е и Сонцето и Месечината. И ако секој е пријателски расположен како овој, тогаш е сосема логично зошто верувањата се такви.

Па може едно лајк за ова волшебно бело ирвашче?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button