Во неговите прегратки е најсреќна – ова е човекот што го освои срцето на Натали Грубовиќ
Познатата убавица од Македонија ужива во прегратките на саканиот.
Натали важи за една од најубавите жени од Македонија.
Публиката ја памети најмногу како водителка на популарноите шоуа „Џандар збира“ и „Бинго“, кои ги водеше заедно со Игор Џамбазов.
ФОТО: Принтскрин
Бингото се гледаше во секој дом, а гледачите уживаа во досетливоста и шегите на Игор, но и во убавината на Натали.
Игор и Натали беа најпознатото водителско дуо кое со години ја забавуваше целата јавност.
ФОТО: Принтскрин
Фразата „Ајде Натали, дај му на човекот“ потекнува токму од овие шоуа.
Времето за Натали буквално како да запрело.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Од година во година та е сѐ поубава.
Повеќе не е дел од македонската естрада, но понекогаш знае да сподели по некоја фотографија на социјалните мрежи.
Денес таа е фамилијарна жена.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Мажена е за српскиот бизнисмен Дрен Глушц, со кој живеат во Нови Сад.
Во 2017 година како плод на нивната љубов се роди нивната ќеркичка Натали.
Имено, Дрен сакал нивната ќерка да се вика Натали и покрај тоа што предлогот бил необичен за неговата сопруга која што во јавноста е позната под истото име.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Таа била изненадена од предлогот и најпрво предложила друго име, но по неколку дена и самата го добила чувството дека ова име е како создадено за нејзиното бебе.
Парот изгледа вљубено како првиот ден, а доказ за тоа се фотографиите направени на свадбата на која присуствувале.
Натали е најсреќна во прегратките на својот сопруг.