Во Македонија следува променливо време, па еве неколку генијални трикови од светските дизајнери што да носите
Почетокот на есента може да биде незгоден период
Едноставно никогаш не знаеш какво време те очекува – наутро и навечер е студено, а на пладне може да биде и прежешко.
Но од друга страна во овој период можете да носите комбинации кои во друга пригода не би можеле. Тука пред се мислиме на летните фустани кои сега можете да ги носите со чизмички, или mommy jeans со сандали, кратки здолништа со блуски и џемперчиња, женски костум со патики… Имате безброј варијанти, само треба да го направите вистинскиот избор.
Според светските модни дизајнери, во преодниот период клучни се следниве три парчиња – тренч капут, добри чизмички и фармерки.
Генијален тик кој исто така можете да го искористите е да „фурате“ тексас или кожена јакна која во текот на денот можете да ја носите префрлена преку рамениците или врана за половината што дава урбан шмек во целата комбинација. Исто така не треба да се откажувате и од облеката која што ја носевте преку лето – кратките шорцеви, килоти, бермуди и кратките летни фустани кои одлично се согласуваат со сандали.