Реклама
Наши ѕвезди

Во Македонија жареше и палеше, а во Америка живее како кралица – погледнете го раскошниот дом на Јасмина Мукаетова

Реклама

Maкедонските фолк пејачки се омажени во Америка, па сега се најдоа и си приредија луда забава.

Русокоата убавица со заводливи кадрици, Јасмина Мукаетова со свото прво појавување во јавност ја освои публиката.

Маркетинг

Со својот ангелски глас, пејачката по потекло од Кавадарци веднаш се стекна со популарност, а многумина ѝ предвиува и балканска кариера.

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

Малкумина паметат, но Јасмина кариерата ја започна како поп пејачка, сè до 2001 година, кога се трансформираше во пејачка на народна музика.

После тоа, во нејзината кариера следуваа многу светски турнеи, како на пример во Германија, Шведска, Швајцарија и Австралија.

Токму на една од тие турнеји, Јасмина ја запозна љубовта на својот живот.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

Од управата на црквата СВ. Никола од Њу Џерси, била ангажирана да пее за новогодишните празници, а на еден од тие настапи присуствувал и нејзиниот сопруг Трајче Ристески, со кој долго се познавале, но токму оваа средба била пресудна.

Во 2008 година Трајче и Јасмина се венчале во куќата на цвеќето во Лас Вегас.

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

Токму кога сите мислеа дека Јасмина ќе започне со балканската кариера, таа одлучи да се повлече и максимално да се посвети на семејството.

Има две дипломи, а води и семеен бизнис.

Таа е дипломиран педагог на Филозофскиот Факултет при Универзитет СВ. Кирил и Методиј –Скопје.

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

Неодамна ја комплетира едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University.

Плод на љубовта меѓу Јасмина и Трајче се нивните два сина, Диме и Зуко.

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

Таа во едно свое интервју откри дека нејзините синови се доста музикални, свират на пијано и труба, но спека повеќе ги интересира спортот и тренираат фудбал.

И покрај тоа што почнува да ја гази петтата деценија од својот живот, Јасмина изгледа подобро од било кога. За неа времето како да запрело. Го задржала младешкиот изглед и русата кадрава коса по која е препознатлива.

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

Пејачката сѐ уште е во контакт со своите колеги, кои понекогаш знаат и да ја посетат во Америка.

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

Се чини дека љубовта кон музиката кај неа никогаш нема да згасне.

Деновиве кај неа на гости дојде и пејачката Анета Наковска. Како и Јасмина, така и Анета е мажена во САД, за нашинец.

ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска

Анета и Спиро половина година живеат во САД, а половина во Белгошти каде што имаат ресторан.

Анета и Јасмина својата дружба ја овековечија со фотографии и покажаа дека и понатаму умеат да се забавуваат.

ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска

На фоографиите се гледа дека тие атосферата ја загреале со жестоки пијалоци.

Насмевката на нивните лица кажуваат сѐ.

„Како во старите добри времиња, мојата најсакана колешка, претенкју Џесика моја за сѐ“, напиша Анета во опис на фотографиите, на кои се гледа и дел од домот на Јасмина.

ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска

ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

ФОТО: Фејсбук / Јасминa Мукаетова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button