Нема поубаво девојче од Македонче
Македонките се едни од најубавите девојки на светот. Тоа ќе ви го каже секој што ќе дојде да ја посети нашата земја, а убавината на нашите девојки е разнолика и распространета низ целата земја. Можете да ја сретнете на секој чекор, без разлика дали сте во Гевгелија, Битола, Тетово, Куманово…
Па за да ви доловиме зошто го велиме тоа, ќе ви претставиме девојки кои ни доаѓаат од сите краеви на Македонија и пред чија убавина никој не може да остана рамнодушен.
Насмевките на штипјанките
Истокот важи за место на кое живеат преубави насмеани жени. Една од нив е и актерката Наташа Петровиќ која со војот шарм ги воодушевува сите. Таа изгледа неодоливо како на големото филмско платно, така и на театарските штици. И грациозна, и слатка, и бескрајно женствена во исто време.
Магијата на скопјанките
Од многу познати убавици од главниот град ја избравме пејачката Елена Ристеска како позната девојка на чија убавина отсекогаш сме се восхитувале. Таа може да ви освои како со својот глас, така и со неодоливиот изглед, и секогаш кога ќе сака да изгледа провокативно нема некој што ќе остане рамнодушен. Впрочем такви се и скопјанките – традиционални, нежни, мистични и убави, но кога ќе сакаат да ве освојат, многу лесно можат да ве доведат до точка на топење.
Шармот на беровчанките
Една од најпознатите девојки од овој крај е водителката Јелена Спенџарска. Таа е познато и секогаш насмеано телевизиско лице, а на нејзините фотографии на социјалните мрежи тешко кој може да одолее.
Раскошната убавина на тетовчанките
Кога сме веќе кај Тетово, при првата прошетка низ овој град ќе забележите дека може да се пофали со преубави, насмеани жени. Без разлика дали се Македонки или од некоја друга етничка заедница, овој крај на Македонија, кој важи за малку мистичен, обилува со грациозни жени кои имаат посебен шарм, а нивната таинственост е голем плус.
На ова место би ја споменале Кристина Димитријевска, поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, која со својата убавина ќе ве освои на прв поглед. Погледнете неколку фотографии од неа и ќе видите зошто.
.
Пример за струмичка убавина
Една од најпознатите девојки од овој град е блогерката Љупка Митрова. Младата атрактивна мама постојано ги воодушевува своите бројни фанови на социјалните мрежи. Таа на своите фотографии секогаш изгледа топ облечена, но мораме да признаеме дека и кога е во оскудни парчиња (или во нејзините костими за капење), изгледа шармантно, грациозно, но и бескрајно елегантно и женствено. Браво!
Битолски мерак
Една од најпознатите битолчанки во Македонија е Каролина Гочева. Покрај нејзиниот талент таа важи и за една од најубавите пејачки во нашата земја, а за нејзиниот шарм нема потреба да зборуваме. Таа делува магично како на екраните, така и кога ќе ја сретнете на улица, впрочем како и многу други девојки кои ни доаѓаат од овој град.
Прилепска егзотика
На ред дојде Прилеп и една од најубавите познати прилепчанки – пејачката Елена Велевска. Таа е женствена и шармантна, и ретко кој би останал 100 % рамнодушен и присебен кога ќе се најде во нејзина близина.
.
На претходните фотографии можевме да видиме многу убавини, но доколку би требало да избереме само едно место на кое се наоѓаат најубавите девојки во Македонија, секако дека не би можеле да одлучиме бидејќи сите се убави на свој начин. Тоа се однесува и за сите останати места во нашата чудесна земја, па бидејќи оваа листа не би можеле лесно да ја завршиме ќе побараме помош од вас – што мислите, во кој дел од Македонија живеат најубавите девојки?
И предложете во коментарите некоја од нив…