Реклама
Вирално

Во домот за деца без родители ја викаа „детето ѓавол“ – судбината и се промени, денес е пресреќна девојка!

Таа пораснала во дом за деца без родители каде останатите деца ја викале „детето ѓавол“, а животот целосно и се променил откако ги запознала своите посвојувачи.

Реклама

Михаела ДеПринс е светски позната балерина која се појавува во многу музички спотови на ѕвезди како Бијонсе и Мадона.

Но нејзиниот живот не бил отсекогаш бајка. Таа пораснала во дом за деца без родители каде останатите деца ја викале „детето ѓавол“, а животот целосно и се променил откако ги запознала своите посвојувачи.

Михела е родена во Сиера Леоне во 1995 година.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Нејзините родители ја крстиле Мабинти, но откако и двајцата починале, вујкото ја однел во домот, каде станала само бројка, пишува „Брајтсајд“.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

„Не именуваа од 1 до 27. Еден беше најомиленото дете во домот, а 27-то најмалку омилено“ се сеќава Михаела во едно интервју.

Фото: Инстаграм

И токму таа била 27-то дете бидејќи имала витилго, наследна болест на кожата заради која ја викале „детето ѓавол“.

Фото: Инстаграм

Најголема утеха и била една пријателка од домот која исто така се викала Мабинти и била со реден број 26.

И двете девојчиња сакале да пеат, глумат и да си кажуваат приказни каков би бил нивниот живот доколку некој ги посвои.

Фото: Инстаграм

Во истото тоа време, жена која се вика Илајн ДеПринс, која живеела во Њу Џерси, имала преголема желба да посвои дете.

Таа планирала да ја посвои пријателката на Михаела, Мабинти. Но пред да дојде, се случила забуна, забуна што ќе и ја промени судбината на Михаела.

Фото: Инстаграм

„Ми се јавија од агенцијата и ме прашаа која Мабинти сакате да ја посвоите? Имаме две“, се присеќава Илајн.

Таа тогаш дознала дека втората Мабинти ја одбиле дури 12 семејства заради нејзината болест на кожата.

Фото: Инстаграм

По разговорот, оваа жена не се двоумела ниту за момент, туку била решена дека треба да ги посвои и двете девојчиња.

Фото: Инстаграм

Илајн вели дека нема никогаш да ја заборави првата средба со Михаела.

„Стоеше таму со прекрстени раце, беше многу лута. Мислеше дека и ние нема да сакаме да ја посвоиме“, се сеќаваа оваа жена.

Фото: Инстаграм

Но тие не ја одбија, туку и пружија дом полн со љубов и живот каков што има денес. Имено, Михаела од најраното детство сонувала еден ден да стане танчарка откако еден ден во домот во еден весник видела фотографија од балерина. Од тој момент таа сонувала дека еден ден и таа ќе биде на сцената како девојката што ја видела во весникот. Тоа им го кажала на своите посвоители кои се потрудиле да и ги овозможат сите услови да се запише на балет.

Фото: Инстаграм

Пред својот прв настап ја замолила својата мајка да и каже да ли се гледаат флеките на нејзиното тело од местото на кое што седи.

„И кажав дека не се гледаат, дека изгледаат како прашина“.

„Е добро, сега можам да бидам права балерина“, и кажала тогаш Михаела, се сеќава нејзината мајка.

Фото: Инстаграм

Денес Михаела го живее својот сон. На свои 17 години стана најмладата балерина што настапила во „Dance Theatre of Harlem“ во Њујорк.

Фото: Инстаграм

Михаела подоцна беше дел од националниот балет во Холандија, а Амстердам денес го нарекува својот дом.

Таа сака нејзината приказна да се слушне и да им биде инспирација на луѓето, па затоа напиша и автобиографија, а во 2018 година Мадона изразила желба да режира филм за нејзиниот живот, но ова се уше не се остварило.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button