Реклама
Холивуд

Во вакво издание прекрасната Меланија Трамп досега ја немаме видено – комбинација која што ја обожаваат и Македонките!

Реклама

Меланија Трамп за време на европската турнеја покажа дека е вистинска модна икона, а при враќањето во Белата куќа повторно ги воодушеви сите.

Имено, првата дама на Америка овој пат ни докажа зошто белата кошула и фармерките одамна се моден класик на кои едноставно не им минува времето. Таа целото издание го зачини со чанта „Birkin“ и црни балетанки.

Маркетинг

Тоа дека белата кошула е моќно парче потврдува и дизајнерката Каролина Херера која не престанува да ги создава од својата премиерна колекција од 1981 година.

Маркетинг

„Обожавам бели кошули бидејќи ми даваат чувство на сигурност. Можете да ги носите со било што. Секој ги носи на свој начин и се разликува од другите. Ги дизајнирам од секогаш и се уште сакам да го правам тоа“, своевремено изјави Каролина за модната библија Вог.

Високо мислење за белите кошули има и легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд, а на прашањето кое парче би го избрал на прво место без да размислува одговори дека тоа дефинитивно би била класичната бела кошула.

Како што е случајот со споменатото парче, класичен статус подеднакво има и обичната бела маица која помладите дами како што е актерката Ема Робертс односно манекенката Карли Клос и Џиџи Хадид во дневните изданија вешто ги комбинираат со фармерки со висок струк.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button