Во вакво издание НЕ сте ја виделе – Ирена Спировска и во петтата деценија во бикини изгледа „опасно“
Убавата водителка Ирена Спировска е препознатлива по својата раскошна виткана коса
Познатата водителка Ирена Спировска ги освојува гледачите преку малите екрани како со својата харизма, така и со физичкиот изглед.
Гледачите на телевизија Алфа најчесто ја гледаат во елегантни и женствени изданија во кои изгледа сјајно, но малкумина од нејзините верни обожаватели знаат како изгледа нивната омилена водителка кога ќе ги остави своите грациозни тоалети во плакарите и ќе скокне во бикини.
Згодната водителка иако е во петтата деценија во бикини изглед сјајно, а за тоа сведочи и следната фотографија.
Ирена и покрај обврските успева да води грижа и за својот изглед, а веќе со години се занимава и со спорт.
Тоа можеме да го видиме и од Инстаграм каде редовно објавува фотографии од планинарење, но и од прекрасни модни изданија за кои имаме само пофални зборови.
Инаку, шармантната и секогаш насмеана водителка со својата водителска кариера започна пред 20 и повеќе години. Кариерата ја започна во МТВ, и оттогаш, повеќе од две децении е препознатливо телевизиско лице во Македонија.
Таа во едно нејзино интервју изјави дека за нејзината убавина најмногу им е благодарна на своите гени, но и дека во последните десетина години повеќе внимава на исхраната. Резултатот можете да го видите и самите…