Внукот на Тоше се огласи на Инстаграм – момчето порасна во вистински убавец и заводник
Русокосото момче сега е вистински убавец.
Кристијан сѐ повеќе потсетува на својот вујко.
Тоше Проески беше и остана најголемата ѕвезда на македонската музичка сцена.
ФОТО: Инстаграм / Кристијан Ристески
Тоше беше идол на многу генерација, девојчињата беа вљубени во него, а момчињата го имитираа.
Никој не можеше да остане рамнодушен на неговото пеење, а секоја негова песна веднаш стануваше хит.
ФОТО: Инстаграм / Кристијан Ристески
Иако не дочека да се оствари во улогаа на татко, тој премногу ги сакаше своите внуци од сестра, Кристијан и Никола.
Кристијан физички многу потсетува на својот вујко, а тргна и по неговите стапки.
ФОТО: Фејсбук / Дора Проеска
Тоше и сам го виде талентот на својот внук, па сними и дует со него.
Станува збор за песната „Му Little One“, која се најде на постхумниот албум на Тоше Проески на англиски јазик, „The Hardest Thing“.
ФОТО: Инстаграм / Кристијан Ристески
Некогаш слаткото русокосо момче порасна во вистински убавец и заводник.
Својот приватен живот се труди да го држи далеку од очите на јавноста.
Ретко споделува нешто на социјалните мрежи, но сега ги израдува следбениците со нови фотографии од себеси.
ФОТО: Инстаграм / Кристијан Ристески
Кристијан го негува рок- стилот на облекување и преферира удобна гардероба.
Погледнете како изгледа: