Внукот на Проески го промени имиџот, сега нема да го препознаете – Тоше многу се гордееше со него
Внукот на легендарниот Тоше Проески со нов имиџ.
Кристијан порасна и сега е сон на многу девојки.
Иако се труди да стои далеку од очите на јавноста, не се појавува во медиуми и не дава изјави, публиката и понатаму сака да знае сѐ за Кристијан Ристески, внукот на нашата најголема музичка ѕвезда, Тоше Проески.
ФОТО: Инстаграм / Кристијан Ристески
Кристијан и Никола се внуците на Тоше од неговата сестра Дора.
Познато е дека Тоше секој слободен момент го користеше да го помине со своето семејство и внуците.
ФОТО: Инстаграм / Кристијан Ристески
Кристијан физички многу потсетува на својот вујко, а тргна и по неговите стапки.
Тоше и сам го виде талентот на својот внук, па сними и дует со него.
ФОТО: Инстаграм / Кристијан Ристески
Станува збор за песната „Му Little One“, која се најде на постхумниот албум на Тоше Проески на англиски јазик, „The Hardest Thing“.
Некогаш слаткото русокосо момче порасна во вистински убавец и заводник.
ФОТО: Инстаграм / Кристијан Ристески
Иако извесно време го следеше рок стилот, на најновите фотографии на Инстаграм изгледа како латино заводник.
Кристијан кој деновиве е на одмор во Црна Гора, заедно со пријателите, позираше во тесна кошула и го покажа мускулестото тело.