Внукот на Војо Стојаноски ги израдува фановите – пристигнуваат честитки, радост во неговиот дом
Овој роденден нема никогаш да го заборави
Песна испеана со многу љубов
Познатиот македонски фолк-пеја Влатко Миладиноски ги израдува своите верни фанови и тоа на денот на својот роденден.
Имено, Миладиноски на овој посебен ден го објави и спотот за неговата нова песна „Гајтано моме“ и ги воодушеви сите.
Песната го здогледа светлото на денот токму на роденденот на нашиот познат пејач , па тој веднаш се пофали.
Принтскрин
„28 мај е денот кога сум роден. Денес на сите ви подарувам една нова песна, напиша Влатко на својот профил на Инстаграм.
Принтскрин
Тој го објави и линкот од видеото на социјалните мрежи не криејќи дека е радосен што токму на овој ден ја објави песната.
Следуваа бројни честитки од фановите, но и голем број позитивни коментари за новата песна, пејачот и целиот тим.
Потсетуваме, Влатко заедно со својот брат Златко Миладиноски, како и нивниот братучед Дамјан Стојаноски, инаку син на Војо Стојаноски, важат за едни од најпосакуваните музичари како во нашата земја, така и во дијаспората, односно секаде каде што има Македонци.
И бидејќи станува збор за млад и успешен музичар, тој отсекогаш им бил интересен на дамите, но неговото срце е веќе освоено.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Имено, Влатко е оженет човек и има две ќерки, Илина и Андреа, кои му ги има подарено сопругата Кристина.
Тие се во брак од 2016 година, а како Влатко беше изненаден во една пригода за годишнина од бракот, дознајте тука…