Некои корисници се загрижија за нивните фотографии.
Фото: Инстаграм
Нов тренд денове кружи по социјалните мрежи, а тоа е апликацијата FaceApp која користејќи ваша сегашна фотографија и вештачка интелигенција создава фотографија која покажува како би изгледали на возрасни години
Правата при користење што ги прифаќаат корисниците при првото покренување на ФејсАп му даваат на компанијата ѝ даваат право да ја користи вашата фотографија за реклами и други примени кои, како што стојат, не се дефинирани.
Со самото инсталирање и активирање на апликацијата таа може да пристапи до вашите фотографии, да ги зачува и да користи фотографиите од вашата галерија, без ваша дозвола!
„На ФејсАп, му давате дозвола да ги користат вашите фотографии, име, корисничко име и вашиот изглед за која било намена, вклучувајќи ги и комерцијалните цели, како што е билборди или реклама на интернет“, напишала aдвокатката Елизабет Потс Вајнштајн.