Реклама
Наши ѕвезди

Влезниците за Сашко Коцев се продаваат како алва – ШТИПЈАНИ ПОБРЗАЈТЕ, и ова ќе отиде за миг!

Влезниците распродадени и пред да бидат залепени рекламните постери

Реклама

Кој вели дека луѓето кај нас не одат на културни настани?

Коцев со брзина на светлината го распродаде својот стендап во Штип, па повторно се огласи и закажа уште една настап.

Како што се шушка зад кулоарите, Сашко Коцев го распродаде своето стендап шоу во Штип и тоа пред да бидат залепени постерите.

Маркетинг

Тој на 2 април во 20.00 часот ќе излезе пред полна сала во НУЦК „Ацо Шопов“ со своето стендап шоу „Широк Дијафазон“.

Маркетинг

И бидејќи влезниците со брзина на светлината беа распродадени уште првиот ден откако настанот беше најавен, а заинтересираноста кај штипјани е голема, Сашко веднаш закажа уште едно шоу, на истото место, но два дена подоцна, односно на 04 април.

Влезниците во претпродажба чинат 400 денари и за првото шоу беа распродадени за само неколку часа, а овој податок ги демантира мислењата дека луѓето во Македонија не одат на културни манифестации.

Влезниците можат да се резервираат на телефонскиот број 077 533 668 и ќе се продаваат во Фото Мак студио на градскиот Плоштад Штип, а на врата ќе чинат 500 денари. Но според огромната заинтересираност меѓу обожавателите за „Широк дијафазон“, голема е веројатноста и второто шоу да биде распродадено однапред.

Па, доколку сакате да го гледате Сашко Коцев во живо и да се газите од смеење, јавете се и резервирајте си влезница на време.

Но тоа навистина мора да го направите брзо, пред повторно да бидат разграбани сите места како и за првото шоу.

Повеќе информации побарајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button