Влезе во џамија и уби 40 невини граѓани. Крвопролевањето го пренесуваше во живо на Фејсбук – ова е лицето на теророт!
Екстремистот Брентон Тарант (28) отвори оган во џамијата Ал Нур во Нов Зеланд, во гратчето Крајстчерч и уби 40 луѓе.
28-годишниот екстремист Брентон Тарант кој по потекло е од Австралија најверојатно камерата со која што го снимаше масакрот ја носеше на шлемот. Кога ги потроши куршумите се врати до неговиот автомобил по уште муниција.
Кога се врати во џамијата, ги бараше преживеаните, притоа пукајќи и во безживотните тела. Видеото завршува откако заминува од џамијата.
Тој пред крвавиот напад, на Твитер објави манифест во кој објаснува зошто ќе го направи масакрот. Себеси се опишува како обичен белец, маж роден во Австралија, припадник на работничката класа, од скромно семејство. Тој вели дека најпрво се одлучил за друга џамија, но се предомислил затоа што во Ал Нур имало многу повеќе „окупатори“.
Полицијата на Нов Зеланд ги замоли граѓаните да не објавуваат видеа од настанот.
https://twitter.com/NewsThisSecond/status/1106392380209545217
Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, за медиумите потврди дека има 40 жртви.
https://twitter.com/THEBELAAZ/status/1106395307334660096
Наводно Брентон целиот масакр го снимал и пренесувал преку Фејсбук, а подоцна истото видео го објавил и на Инстаграм.
https://twitter.com/Partisangirl/status/1106416544198742017
Компанијата Фејсбук веднаш го отстрани видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=yIUMNX1wLqQ
Во автомобилот се слуша српска музика?
Во шокантното видео што го објави терористот се слуша песна од 90-тите години со стиховите „Караџичу, води Србе своје…“ Покрај оваа песна, тој слуша и други странски песни. Се уште не е познато каква евентуална врска овој човек има со Балканот или со српската заедница во Нов Зеланд, и зошто токму оваа песна ја слуша во неговиот автомобил.