Влатко и Силви никогаш не биле вака среќни – нивната наследничка соопшти преубава вест (фото)
Ќерката на популарниот македонски музички пар соопшти прекрасни вести.

Пристигнува принова во семејството.
Македонската поп-група, сочинета од брачниот пар Силвана и Влатко Плевнеш долги години е дел од нашата музичка сцена и зд себе има оставено огромно богатство.
ФОТО: Фејсбук
Нивните песни се безвременски и се пеат до ден денес.
Силви и Влатко на македонската музичка јавност за првпат ѝ се преставија уште во почетокот на 90-тите години, кога особено станаа популарни со големиот макфестовски хит, песната „Ангели ме носат“ и оттогаш започна нивната музичка приказна.
ФОТО: Фејсбук
„Бакнеж како музика“, „Ме полудуваш“, „Само мој“, „Ако ме љубиш“, „Не сакам крај“ се песните кои не враќаат во младоста и будат убави спомени кај секој од нас.
Заедно се повеќе од две децении, а она со што Влатко ја освоил Силви била неговата сталоженост и смиреност.
ФОТО: Фејсбук
Малкумина знаат дека пред да стапат во брак, Силви и Влатко биле две години во врска. Тоа како што велат биле нивните најубави години од животот. Уживале и во љубовта и во патувањата поврзани со работата.
Плод на огромната љубов меѓу нив е нивната ќерка Деаделина.
ФОТО: Фејсбук / Деа Плевнеш
Тие двајца со голем жар и љубов во очите секогаш зборуваат за нивната наследничка.
И Деа е музички образована како и своите родители и живее во Амстердам.
ФОТО: Фејсбук / Деа Плевнеш
На социјалните мрежи Деа соопшти дека во нивното семејство пристигнува принова, односно дека го очекува своето прво дете.
Оваа вест ја соопшти со фотографија направена во Индија каде е во моментов.
Честитки!