Владата на Нов Зеланд објави на официјалниот сајт необичен оглас за работа што може да привлече многу експерти и страствени фанови на марихуана.
Се бара експерт за канабис за да едуцира за време на референдумот за легализација на оваа супставнца.
Точниот наслов на работното место е „Policy Manager – Cannabis Referendum Policy”, а лицето што ќе биде избрано ќе го надгледува целиот процес.
Тој исто така ќе учествува во изготвувањето на законот, со канцеларија на парламентарен советник и ќе соработува со тимот кој води изборна и референдумска политика, како и со Министерството за здравство, надворешни работи, примарна индустрија и Комисијата за државни служби.
„Групата за правни политики активно бара разновидна база на податоци за кандидати со различни животни искуства”, се вели во рекламата.
Опсегот на платите се движи од 137.479 до 194.088 долари годишно. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку линк кој може да се најде на официјалната веб-страница на владата на Нов Зеланд.