Реклама
Хороскоп

Вистински и непоправливи романтичари – овие три хороскопски знаци се вљубуваат само еднаш во животот

Реклама

А еве и зошто …

Иако сите мислиме дека во животот сите се заљубуваме барем десетина пати, некои луѓе правата, вистинска љубов и вљубеност ќе ја почувствуваат само еднаш во животот и тоа кон само една личност. Иако постојат исклучоци меѓу нив, тие најчесто се раѓаат во следниве три хороскопски знаци.

Маркетинг

Риби

Емоционалните Риби го поминуваат најголемиот дел од својот живот барајќи ја својата вистинска подобра половина.

Маркетинг

И откако ќе ја најдат, тие ќе сторат сé за да ја задржат. Тие не обрнуваат внимание на недостатоците на нивните сродни души, бидејќи се одлични сонувачи кај кои љубовта победува сè. Рибите ќе престанат да ја сакаат својата подобра половина само ако им се налутат смртно.

Бик

Биковите потешко се вљубуваат и тоа им е во природата и им треба подолго време од било кој друг знак за да се заљубат до уши. Но, кога Биковите навистина ќе засакаат некого, го љубат до смрт. Тие се многу посветени на своите партнери и не им е тешко да поработат на нивната врска ако мислат дека е нешто за што вреди да се вложува труд.

Рак

Најверојатно од сите, добрите Ракови се вистински пример за личности кои сакаат само еднаш во животот. Тие своето срце не му го подаруваат на било кој, и кога го прават тоа, го даруваат засекогаш, па дури и ако патиштата со тоа лице во еден момент ќе им се разминат. Тие се многу грижливи и спремни да направат се’ за нивниот избраник да биде среќен додека е со нив и да се чувствува сакано.

Фото; Unsplash

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button