Вистински домаќинки – Маријана и Татјана предизвикаа вистинско воодушевување на Инстаграм со својата умешност во кујната
Македонската пејачка Татјана Лазаревска е синоним за среќа и уживање во животот.
Фолкерката скоро никогш не можеме да ја видиме натажена.
Нејзината широка насмевка е нејзин заштитен знак.
Пејачката, заедно со сопругот, познатиот пејач Новица Лазаревски и нивните синови Петар и Стефан повеќе од 5 години живеат и работат во Австралија.
Велат дека најблиската плажа им е на половина час возење од нивната куќа и дека се пресреќни што таму конечно имаат малку подобри можности и услови за живот.
Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична.
Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ недостигаат нејзините најблиски.
И двајцата се доста активни на социјалните мрежи, преку кои можеме да видиме како живеат во дијаспората. Мора да се признае дека човек може само да им позавиди.
Секогаш забава, дружба и уживање. Барем тоа го претставуваат на друштвените мрежи.
Она што е интересно е тоа дека Австралија многу побрзо од остнатите земји во светот се справи со пандемијата и таму не престанаа забавите и прославите на кои можеа да присуствуваат многу луѓе.
Затоа Новица и Ттајана беа ангажирани постојано и за време на пандемијата. Свадби, клубови и семејни прослави – Македонците во дијапората имаа можност да уживаат во гласот на Татјана и Новица.
Пејачите на Инстаграм често споделуваа и видеа и фотографии од нивните настапи, на кои се гледа дека публиката е на нозе.
Пејачката деновиве изненади со нова промена на имиџот.
За потребите на снимањето на нејзиниот најнов видео запис, таа одлучи да ја смени фризурата.
Пејачката која во текот на целата кариера е препознатлива по кратката руса коса, сега покажа како ѝ прилега долга и кадрава омбре фризура.
И веднаш наиде на пофалби.
– Да, тоа сум јас, напиша Татјана, а под фотографијата се нижеа комплименти.
Пред извесно време во нивниот дом имаше голема причина за славење. Имено, Татјана го прослави 50 роденден, па по тој повод организираше и мала прослава.
Роденденот и 18-годишнината од бракот беа причина Татјана и Новица да се опуштат и да слават.
Сепак, годишнината ја прославија скромно, дома во пижами.
Тие двајца се доказ дека партнер од истата професија може да биде предност, а не мана.
Вистински домаќинки
Ваквите убави причини за славење, кај Татјана го разбудија скриениот талент. Таа и нејзината другарка, пејачката Маријана која исто така живее во Австралија, направија неколку торти кои самите ги украсија.
„Драги наши, ова слатко задоволство што го гледате, го направив јас со огромна помош на мојата креативна друшка Марјана Новацевска. Уживајте во глетката.П.С Јадете со очи“, напиша таа и се пофали со крајниот резултат.
Пејачките добија само пофални зборови за нивните ремек дела.
Она што е очигледно и за што мора да ѝ се „симне капа“ на пејачката е што и покрај тоа што ја гази естата деценија, таа изгледа подобро од било кога.
Пејачката изгледа одлично за свои години
На нејзината витка линиј може да позавидат и помладите колешки и девојки.
Пејачката е задоволна од својот изглед, а доказ за тоа се фотографиите во кои таа гордо го покажува своето тело во бикини.
Она за што мора да ѝ се симне капа на пејачката е тоа дека и покрај тоа што почна да гази во шестата деценија од животот, таа изгледа неверојатно добро.
Погледнете повеќе фотографии од неа: