Вести

ВИСТИНСКАТА ЗИМА ДОАЃА: Meтеоролозите прогнозираат нова тура дождови и снег во градовите

Advertisement

Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини.

Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и во петок и на почетокот на викендот кога ќе дува и засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата соопштија од УХМР.

Advertisement

Времето утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и јужен правец.

Во Скопје со слаба утринска магла, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во среда роменливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд.

Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец.

Под влијание на серија на влажни и постудени воздушни маси од северозапад, во текот на новата седмица која што ни следува во Македонија ќе имаме многу променливо време.

Првиот и вториот ден од новата работна седмица (понеделник и вторник) ни носат постабилно и релативно суво време. Веќе нови врнежи од дожд, локално и обилни ќе имаме во среда попладне и во вечерните часови.

„Потоа во четврток повторно ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, а веќе во петок, како и за време на викендот ќе имаме нови врнежи од дожд, локално повторно тие ќе бидат обилни.

За време на овие влажни бранови, локално не се исклучува можноста и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во среда попладне и навечер, и повторно во петок, како и за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на постуден воздушен бран од север. Мора да напоменеме дека на високите планини (околу и над 2.000 м.н.в ќе има врнежи од снег).

Повремено снежната граница ќе се спушта и на планините од под 2.000 метри. Во Скопје и околината ќе имаме слично време.

Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а понекаде и под 5 степени, додека во Малешевијата, како и на високите места и на планините тие повремено ќе се спуштаат и за некој степен под нулата“, вели метеорологот Славчо Попоски.

Првиот мраз за оваа сезона во Македонија и тоа на повеќе места го очекуваме за време на следниот викенд, како и во текот на следната седмица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button