Вистинска хорор приказна: пронашле гладно и напуштено петгодишно девојче во стан полн со ѓубре и лебарки – не знае да зборува, а полицијата морала да влезе со скафандери
Полицијата мораше да се носат заштитни одела за спасување на петгодишното девојче кое руските медиуми го опишаа како женско Могли.
Петгодишното девојчето не знаеше да зборува и како да се однесува со луѓето, а од фотографиите можеме да видиме дека живее во стан полн со ѓубре и лебарки.
Полуголото девојче тие го нарекоа Љубов, а кога го пронашле беше дехидрирано и болно бидејќи нејзината мајка, Ирина Гарашенко (47) во овој стан полн со ѓубре ја остави сама неколку дена, пренесува „Daily Mail“.
Кога го нашле и му понудиле вода, медиумите пишуваат дека девојчето испило два литри вода, а истражителите сметаат дека има знакови на анорексија.
Во станот најпрво влегол соседот кој го слушнал очајното плачење, а потоа веднаш викнал полиција.
„Ние речиси останавме без свест кога видовме во каква состојба беше станот и колку непријатно мирисаше. Полицајците мораа да носат заштитни костуми. Ѓубрето веќе беше скапано и мирисаше лошо. Девојчето седеше на клупата на прозорецот во кујната. Имаше шешир и маица. Немаше долна облека. Плачеше цело време. Немаше храна во станот, а на секаде имаше лебарки“ – изјави соседот.
https://www.youtube.com/watch?v=f0ZWSyLR88c
Соседите раскажаа дека мајката на девојчето пред пет години се вратила дома со бебето, но дека по некое време им кажала дека ја испратила да живее со својата баба.
Огрлица која била срасната во вратот на девојчето
Нејзиниот сопруг беше депортиран во Украина. Сепак, бебето се уште беше дома и, како што изгледа сега, голема е веројатноста од тогаш да не го видело надворешниот свет, па затоа и не знае да зборува.
Откако полицијата го спаси бебето, мајката се врати, а соседите ја спречија да избега. Таа веднаш беше уапсена под обвинение за обид за убиство и негрижа, и задржана во притвор.
Соседите, исто така, сведочеа дека жената често била елегантно облечена, кажувала дека има постојана работа и дека секогаш помагала во чистењето на заедничките простории што ги имале во станбената зграда.