Вистинска убавица како баба: Таа ѝ е ПРВА РАДОСТ – Вики Среброва ја покажа внуката
Македонската пејачка и воителка ја покажа својата прва внука, која неверојатно многу личи на неа и е вистинска убавица.
Вики сподели фотографија од својата внука и јавно ѝ го честиташе јубилејниот 20-ти роденден.
Пејачката која ги испеа „Игoре изгoре” и „Зелени очи”, Вики Среброва е една од најубавите жени на македонската јавна сцена.
Во младоста со својата убавина кршеше срца и преизвикуваше воздишки кај мажите, а денес мора да се признае дека старее како виното.
Годините за Вики се само бројка.
Од бракот фудбалерот Јосе Сребров има три деца, и тоа синовите Нико и Владо и ќерката Елена од кои има внуци.
Вики е доста активна на социјалните мрежи, потточно на Фејсбук каде секојдневно споделува фотографии и видеа од тоа како го поминува денот.
Таа е инспирација за многумина да се покренат да уживаат во животот.
Вики важи за голем хедонист и секојдневно гледа да е опкружена со луѓе кои ѝ одговараат и со кои ќе помине убаво време.
Патува и се дружи со многу од познатите личности во земјава.
Нејзината убавина ја наследила и нејзината внука, која мора да се признае дека неверојатно многу потсетува на Вики во помлади години.
Вики сподели фотографија од својата внука и јавно ѝ го честиташе јубилејниот 20-ти роденден.
„Среќен роденден 20 години, да ѝ е на мојата убавица, сонце, душа, прва бабина радст, мојата внукичка Анулка, жива и здрава да си ми најмило мое. Те сакам“, напиша Вики во честитката.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва