Принцот Чарлс, е заразен со коронавирусот.
Принцот од Велс, кој има 71 година,по направениот тест дозна дека е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми на респираторно заболување.
„Кога дозна за резултатите, Чарлс веднаш им се јави на Хари и Вилијам за да ги извести. Вилијам се потресе, но мора да остане мирен. Тој се понуди да помогне за што и да треба, додека татко му се лечи“, изјавил извор на семејството за магазинот Ин тач.
Принцот Чарлс е во изолација во домот во Шкотска, заедно со сопругата Камила Паркер Боулс која на првиот тест покажала дека е негативна.
Чарлс, принц од Велс (е најголемиот син на британската кралица Елизабета II и Филип. Тој е престолонаследник на тронот на Обединетото Кралство.
Функцијата престолонаследник му следува како најстар син на британскиот монарх. Тој ја носи титулата принц од Велс и војвода од Ротсеј.
Од бракот со својата прва сопруга Дијана има два синови: Вилијам и Хенри. Во 2005 година стапил во брак со Камила. Доколку тронот го наследи по 18 септември 2013 година, тој ќе биде најстариот престолонаследник во историјата на британската монархија.