Вики и Цеца никогаш НЕ изгледале поубаво – и двете во КУСИ ЗДОЛНИШТА, Цеца прашува на која и е пократко (фото)
И двете никогаш не изгледале поубаво…
Многумина беа изненадени од последното издание со кое Вики Миљковиќ се појави во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа доби голем број комплименти дека изгледа многу помладо, додека таа пред камерите ја пофали својата кума.
„Мене ме фалат за ова мини сукња, баш ми е драго што вака изгледам и мислам дека денес сите убаво изгледаме.“
„Гледам сега во мојата кума која преубаво изгледа, никогаш помлада, никогаш поубава, никогаш позгодна“, изјави Вики а потоа се вклучи и Светлана Цеца Ражнатовиќ која му се обрати на водителот.
„Жика, па ти не ја виде мојата мини здолниште, ние сме куми, која е пократка? Ви влегов во кадар, но морам да давам изјави“, порача познатата фолк-пејачката, а водителот веднаш и одговори дека нејзиното здолниште навистина е покусо од она на нејзината кума Вики.
„Колку и да се трудеше, на Цеца сепак и е пократка“, констатираше водителот за нивните комбинации.
Цеца носеше тесен црн фустан со долги ракави, но со максимално краток крој така што во центарот на вниманието беа нејзините нозе. Таа целото издание го зачини со мрежести чорапи и впечатлив црвен кармин на усните, додека нејзината убава коса беше врзана во висока пина.
За разлика од неа, Вики носеше тренди сако и кул маичка, кои успешно ги комбинираше со кусото здолниште.
Како тие изгледаа погледнете во продолжение:
Погледнете ги и останатите Гранд изданија на Вики:
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ