Реклама
Вирално

Викендичката на Палчо се наоѓа во близина каде што е ПРОНАЈДЕНО телото на малата Вања Ѓорчевска?

Целиот регион е потресен од случајот со грозоморното киднапирање и убиство на малолетното девојче

Реклама

Како што меѓу првите пренесе српскиот Телеграф, викендичката на првоосомничениот Љупчо Палевски се наоѓа во близна на местото каде што се најдени остатоците на запаленото возило, но и телото на малолетната девојка која што беше киднапирана и убиена.

Станува збор за атарот на селото Бразда, каде што според истрагата беше пронајден автомобилот со кој Вања Ѓорчевска беше киднапирана од нејзиниот влез во центарот на Скопје.

Автомобилот неколку дена претходно беше украден од велешкиот бербер Панче Ж, кој претходно беше убиен и закопан во близина на Велес, а осомничените за убиството на Вања се осомничени и за ова убиство кое го извршиле за да набават возило.

Маркетинг

Главните осомничени за убиството (Фото: Фејсбук)

Како што објави српски Телеграф, викендичката на првоосомничениот за нејзиното убиство, Љупчо Палевски, попознат како Палчо, се наоѓа во непосредна близина каде што бил запален автомобилот.

Маркетинг

Во близина на ова место е пронајдено и телото на Вања која неколку часа по киднапирањето била убиена и закопана.

Во дворот на куќата се наоѓа автомобил, капијата е отворена, но како што објави Телеграф, во неа нема никој.

Фото: Инстаграм/ Љупчо Палевски

Инаку, во разговор со селаните од Бразда, ни потврдија дека не знаат ништо освен дека веќе два дена има присуство на полиција.

Потсетуваме, МВР изнесе шокантни детали во врска со свирепото убиство што ја потресе Македонија, но и целиот регион.

На денешната прес-конференција беше соопштено дека осомничените лица кои го признале делото, малолетната жртва Вања Ѓорчевска (14) била киднапирана од нејзиниот влез. Таа била врзана, ставена во вреќа за спиење и одведена надвор од Скопје пред да биде убиена.

Осомничените признале дека ситуацијата излегла од контрола бидејќи мајката веќе го пријавила случајот и потрагата по Вања била започната, по што одлучиле да ја убијат и да ги сокријат трагите.

Фото: МВР

Според информациите што на денешната прес-конференција ги откри министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, првоосомничениот информациите за Вања ги добил од нејзиниот татко, Александар. Тој истите им ги пренел на останатите осомничени, а откако добиле информација дека девојчето ќе биде сама, тие ја грабнале, и ги врзале рацете и нозете, ја ставиле во вреќа за спиење и потоа ја однеле во багажникот на автомобилот.

Како што откри Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, таткото на убиеното девојче во истрагата негирал дека тој му ги дал информациите за местото и времето кога таа сама ќе излезе од дома на организаторот, кој истовремено е и извршител на убиството. Тој се уште се наоѓа во полиција и обвинителството ќе бара притвор и за него, иако таткото се уште не може да биде осомничен дека е дел од групата, која потоа го извршила најтешкото кривично дело затоа што се уште нема такви сознанија, изјави обвинителот.

„Имаме определени сознанија што ни укажуваат дека таткото имал одредена комуникација со лицето, тука ќе ја задржам пресумцијата на невиност за да не направам и друг проблем понатаму, кое сега не е тука и дека овие двајца од тројцата осомничени, кога го прашале тоа лице, тој рекол: јас овие сознанија ги имам од таткото на девојчето, кога, во колку и како излегува и дека ќе биде само тој ден кога излегува од дома“, објасни обвинителот Бубевски на денешната прес-конференција за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, а за кои истрагата утврди дека се поврзани.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button