Видеото што го објави Благица Павловска ќе ви ги насолзи очите – фолкерата несебично се грижи за нив
На нејзиниот профил на Фејсбук постојан споделува видеа и апелира да им се помогне на незгрижените улични кучиња и мачки.

Профилот на познатата пејачка Благица Павловска е преполн со апели за помош на беспомошни бездомни кученца.
Нашата најпозната фолк-пејачка ги обожава животните, а покрај своите домашни миленици се грижи и за напуштените.
На нејзиниот профил на Фејсбук постојан споделува видеа и апелира да им се помогне на незгрижените улични кучиња и мачки.

Некои од нив навистина се трогателни, но има и видеа со среќен крај во кои совесни граѓани вдомиле некое од овие животни.

И таа самата не ретко им помага на овие беспомошни животни, а и самата дома чува миленици најдени на улица
Колку ги сака своите животни кажува и тоа дека на свадбата на својата колешка Јасмина Мукаетова дојде со своите три миленици.

„Трајче, Џесика и Линда се моите срцки. Ги најдов на улица напуштени и си ги земав. Ги вдомив и сега домот ми е весел со нив. Љубов без граници е тоа. Тие само знаат да сакаат да ти дарат љубов , да те расположат“, изјави за своите домашни миленици познатата фолк-пејачка во една пригода.

„Кога ги најдов напуштени и запуштени срцето ми се скина од жал. Немаше шанса да ги оставам. Редовни посетители сме кај доктор Марин Величковски, прочистени, вакцинирани, избањати“, изјави тогаш Благица.

Исто така во една пригода кога Благица спаси едно улично куче и го засолни во својот дом, таа заврши на Фејсбук страната Најдени-Изгубени-Миленичиња. На фотографиите таа позира насмеана со кучето, со кои очигледно уште веднаш се спријателила.

„Кучето го засолни нашата пејачка Благица Павловска. Засолнет е. Ноќва нема да биде по улиците“, пишува тогаш во описот на фотографиите.
Погледнете ги и останатите објави од нејзиниот Фејсбук профил…