Видеото со бремената Русинка што скија во бикини ги згрози луѓето на социјалните мрежи
Бремена жена кој беше снимена додека се спушта по мала падина во бикини има добиено голем број негативни критики и навреди на нејзина сметка откако видеото се појави на социјалните мрежи.
Неименуваната жена, која изгледа како да е во некоја подоцнежна фаза од бременоста, на видеото од рускиот Новосибирск се гледа како се скија низ падината, а во еден момент ќе застане и ќе му позира на фотографот. Видеото веднаш предизвика лавина од негативни коментари на Инстаграм, особено затоа што бремената жена учествува во таков екстремен спорт на снег – и тоа во бикини.
„Таа направи нејзиното бебе да биде изложено на ризик: може да падне сама, но може и некој да се забие во неа“, „Бог само знае што може да се случи ако падне”, „Мислам дека нема мозок, што ако падне и му наштети на бебето?” се само дел од негативните коментари кои се однесуваат на неа.
https://www.instagram.com/p/Bt_INOKhDuB/?utm_source=ig_embed
Иако имаше и такви кои ја нарекува авантуристка, поголемиот дел од коментарите се негативни, а покрај тоа што се качила на скии, многумина ја критикуваа и заради нејзиниот аутфит кој е непримерен за нејзината состојба.
Што мислите вие?