Новости

(ВИДЕО) Потресна исповед на познат новинар, не издржа и се расплака пред камери: Никогаш нема да му простам на татко ми!

Advertisement

Познатиот српски новинар и водител Милан Милошевиќ  ја отвори душата и реши да зборува на болни теми.

Тој е познат по тоа што отворено зборува за својот приватен живот, но досега ретко зборуваше за семејството, за детството, за најболната тема, братот Зоран кој е со посебни потреби, за страдањата на неговата мајка, за насилството на татко му…

Advertisement

Зоран, како што раскажа завршил во дом затоа што неговата мајка не можела да се грижи за него.

– Мајка ми веќе во шест мораше да биде на аголот на улицата, таа работеше на поле, копајќи од утро до вечер, а татко ми знаеше да ја остави платата на автобуската станица – рекол Милан.

Advertisement

-Никогаш нема да му простам на татко ми се што дозволи, да немам ниту еден убав збор да кажам.

Најмногу ме боли што бев сигурен дека сме оставени сами на себе.

За малку ќе прашав една другарка со која пораснав дали сум направил доволно за мајка ми – рече Милан и токму во тој момент се скрши, едвај успеа да ги контролира емоциите кои го совладаа.

За кратко собра некако сила да продолжи да зборува.

Фото: Инстаграм

-Прашав дали згрешив што излегов од дома, а таа цел живот чека да се вратам таму да живеам, но едноставно не можам.

Таа не сака да биде во Белград, не може да живее без нејзината куќа, а јас не можам да бидам таму и не можам да седам со мајка ми, никогаш не би можел да го направам тоа.

Гледав да одам да заработам, да и помогнам, бидејќи никогаш не работела, има пензија од 80 евра, двапати по 40 евра – вели Милан во подкаст на српскиот портал Информер.

Целото интервју може да го погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button