Реклама
Вирално

ВИДЕО Полицаец фатил две жени како крадат, наместо да ги уапси направил нешто НЕВЕРОЈАТНО

Реклама

Полицаец од Масачусетс бил на должност кога добил повик од локална продавница.

Пазарџии фатиле две жени како крадат, а тој наместо да ги уапси, решил да ги почести и од своите пари им купил картичка за подарок.

Полицаецот Мет Лима добил повик од продавницата „Стоп и шоп“, во која му било кажано дека две жени се снимени на камера и во торбите имаат сoкриенo намирници кои не ги пријавиле на касата, пишува „Си-Ен-Ен“.

Маркетинг

Жените кои со себе носеле две мали деца биле запрени набргу по излегувањето од продавницата.

Маркетинг

Констабл Лим има и две девојчиња на слична возраст, па затоа му било непријатно да одведе две жени во притвор.

За да не слушнат децата ништо за тоа што се случува, тој отстрана викнал една од жените и ја прашал што се случило. Жената му објаснила дека е вработена, но дека нејзината другарка, мајка на децата, нема работа и има други семејни проблеми.

„Таа само сакаше да им донесе нешто на децата за божиќна вечера“, изјавила полицаецот Лима.

Кога ги проверил нивните торби, се погрижил да земат само храна. Тој сфатил дека на ова семејство му е потребна помош и наместо да ги приведе, на двете жени им напишал oпомена и им купил подарок картичка во друга самопослуга за да можат да пазарат.

Оваа реакција на полицаецот од Лима предизвика излив на пофалби на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button