(ВИДЕО) Жена ми се омажи преку Фејсбук и си замина – Ме остави сам со четири деца, барам храна по контејнери да ги прехранам

Нурага Мусиќ, татко на четири деца. За жал, не е вработен, вели дека моли и работи по потреба, ако некој му се јави.
Toj живее со децата во Витез и работи за дневница, кога нема работа посетува контејнери и собира дрва за огрев, храна, облека, обувки, пишува Аваз.
Го снајде тажна судбина, бидејќи пред повеќе од една година го остави сопругата, пренесува Српскаинфо.
Тој вели дека во нивната куќа често доаѓал маж кога Нурага бил надвор од дома, што значи дека се гледал со сопругата.
– Не помина многу време и таа побегна со него кај Какањ – вели Мусиќ.

Во куќата каде што живее со своите деца нема струја, вода, ниту бања.
Неговата мажена сопруга се омажила преку Фејсбук во соседниот град Травник, и таа воопшто не ги посетува и не ни прашува за децата. На овој млад самохран татко му треба секаква помош.




