LIFESTYLEВести

(ВИДЕО) ДОМАЌИНКИ ОТВАРАЈТЕ ОЧИ – Продавач на пипер јавно призна: Крадеме на вагите, да знаете сите, да ве боли глава

Advertisement

Моменталната цена на пиперот се движи од 50 до 100 денари зависно од кој пазар е набавен, на модриот патлиџан е од 57 до 130 денари, а маслото за јадење зависи од кој бренд е и во кој маркет се купува.

Од ист бренд може да се купи од 79 денари до 109 денари литар.

Advertisement

Со почетокот на бербата на пиперката за ајвар во Кривогаштани, почнаа и подготовките за правење ајвар. Производителите очекуваат откупна цена од 50 до 60 денари.

Многу повисока цена од оваа во месецот на правење зимница очекуваат граѓаните да видат на пазарите бидејќи се свесни дека веќе нема евтина пиперка ниту за јадење ниту за правење зимница.

Дел од граѓаните изминатите години се откажаа од правење ајвар, поради високите цени на производите од кои се прави овој македонски специјалитет и се определија да го набават во маркет. Но, има и такви кои се упорни да направат барем 10 тегли.

– Сè уште е скапа ајварката, но ако сакаме домашен ајвар ќе треба и да платиме повисока цена. Пиперот годинава е многу скап.

Моментално на пазарите го има и за 180 денари, но и за половина од таа цена и за 50 и 60 денари зависно од видот и квалитетот и се разбира од пазарот од кој се купува.

Очекувам и повисока цена од 50 денари за ајварката бидејќи слушам дека земјоделците очекуваат оваа цена да им биде откупна, а од нив до нас додека дојде, таа ќе стигне и до 100 денари. Тоа значи дека помалку ајвар ќе правиме – вели скопјанка за економски.

Таа додава дека за ајвар освен пиперката потребен е и модар патлиџан чија цена годинава скокна на 100 денари, како и масло за јадење.

– Цените се далеку повисоки од ланските. Маслото веќе знаете дека е поскапо, а модриот патлиџан зависно од големината оди и до 120 денари парче.

Ако си помлад и шеташ по пазарите можеби ќе најдеш и три килограми за 100 денари, но тој е поситен и ќе треба повеќе да се купи за да се добие квалитет на зимницата.

Потребни се и дрва и тегли, а да не зборуваме дека ќе потрошите најмалку 2 дена за подготовката. Кога ќе се собереш се, станува неисплатливо. Затоа и голем број граѓани се откажаа од правење ајвар и одат да купуваат во маркет – вели таа.

На едно семејство во просек му требаат 50 килограми пиперки за подготовка на ајвар, што значи околу 2.700 денари, ако се додадат 300 денари за црн домат, пет литри масло за кое се потребни 500 денари, како и потрошувачката на дрва или струја.

Испаѓа дека за подготовка на 28-30 тегли ајвар се потребни најмалку 3500 денари.

Оваа година истиот за подготовка е многу поскап поради суровините како пиперки, масло за јадење, па поради тоа се подготвува во помали количини или воопшто не се прави.

Еден продавач на пипер од струмичко денес на пазарот во Штип пред камерите на Мнет телевизија го кажа она што беше и јавна тајна.

Пиперот 35 денари е купен, а го продавам 40 денари. А нешто крадеме и на вагите, тоа да го знаат сите граѓани, цел народ да знае. Крадеме обавезно, да гледат што зимат и како зимат.

Јас сакам и 60 денара да го продавам, ама неќат, сакале 40 денари. Ќе му земам пет кила од картон да го боле главата, да знаат. Да му излезе ајварот многу поскапо.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button