Рецепти

Ви требаат само 5 намирници – ова е најдобриот рецепт за кисели пиперки во тегла

Освен туршијата и киселите краставички, киселите пиперки во тега се омилена зимница на многумина.

Реклама
Реклама

Тие се здрав додаток на исхраната во зимскиот период, кога изборот на овошје и зеленчук е ограничен.

Како се подготвуваат кисели пиперки за зимница?

Пред да почнете со варењето, важно е да ги подготвите пиперките.

Сееднo е дали ќе ги исечкате или пиперките ќе ги наредите цели во тегла, важно е да ги отворите на врвот, да ги извадите рачката и семките и да проверите дали пиперката е здрава, потоа да ги измиете и добро да ги исушите.

Маркетинг

 

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин / You Tube

Сѐ што ви е потребно е:

1 литар оцет

3 литри вода

250 грама шеќер

150 грама сол

1 конзерванс

ФОТО: Принтскрин / You Tube

Подготовка:

1. Помешајте ги водата, оцетот, солта, шеќерот и конзервансот во теџере и ставете на шпорет да зоврие.

Кога течноста ќе зоврие додадете ги исчистените и исечкани пиперки и оставете ги во течноста само неколку минути, за малку да омекнат, колку убаво да се наредат во теглите.

2. Извадете ги пиперите да се исцедат и изладат.

Течноста во која се обаруваа исто така треба да се излади.

ФОТО: Принтскрин / You Tube

3. Веќе измиените тегли ставете ги во рерна на 100 степени за да се стерилизираат.

4. Внимателно ставете малку пипери во подготвените тегли, додадете неколку чешниња лук и магдонос, а потоа повторете ја постапката додека не ја наполните теглата, но не до врвот, бидејќи сигурно ќе впијат многу од течноста во која се обаруваат.

ФОТО: Принтскрин / You Tube

Во теглите сипете и од течноста во која се обаруваа пиперките, а теглите убаво затворете ги и со целофан, а потоа оставете ги да се изладат на собна температура.

5. Следете ги следните два дена, можеби ќе треба да додадете течност.

https://www.youtube.com/watch?v=f9YyrlyNZ9I&ab_channel=Bakinakuhinja

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button