Реклама
Вирално

Ви пишувам од Италија од карантин: Само јас знам што ве чека следната недела!

Реклама

Ако се решите еднаш дневно да читате вести за коронавирусот , тогаш нека биде оваа.

 

Маркетинг

Италијанска писателка Франческа Меландри, која се наоѓа во карантин во Рим, напишала писмо “од иднината”.

“Ви пишувам од Италија, што значи од вашата иднина. Ние сме сега таму каде што вие ќе бидете за неколку дена. Ве гледаме како се однесувате, токму како што ние се однесувавме. Се расправате за истите работи за кои до неодамна и ние се расправавме и додека едни зборуваат дека тоа е ‘само грип’ и се прашуваат зошто се крева толкава паника, другите сфаќаат за што се работи. Додека ве гледаме оттука, од вашата иднина, знаеме дека многумина од вас, како што ви е кажано, сте заклучени во своите домови, го цитирате Орвел, а некои дури и Хобс.

Маркетинг

Пред се, ќе јадете. Не само затоа што тоа ќе ви биде една од последните работи кои сè уште ќе можете да ги правите. Ќе најдете десетина групи на социјалните мрежи кои нудат совети како на најдобар начин да го поминете слободното време. Ќе се приклучите на сите тие групи и по неколку дена комплетно ќе ги игнорирате.

Пак ќе јадете. Нема добро да спиете. Ќе се запрашате што се случува со демократијата. Ќе имате многу бурен живот на социјалните мрежи. Многу жени ќе бидат претепани во своите домови. Ќе се прашувате што се случува со оние кои не можат да бидат дома бидејќи немаат дом. Ќе се чувствувате ранливо кога на патот до продавница ќе поминете низ пустите улици, посебно ако сте жена. Ќе се запрашате дали е ова начинот на кој пропаѓаат општества. Дали тоа навистина се случува така брзо? Кога ќе се вратите дома, повторно ќе јадете.Ќе ги наброите сите работи кои мора да ги направите, а ќе ги откриете и вистинските карактери на луѓето од околината. Некои сомнежи ќе ви се потврдат, а некои ќе ве изненадат.

со мислата дека ќе се разведат веднаш по укинувањето на карантинот, но додава и дека многу деца ќе бидат зачнати во овој период.

Вашите деца ќе следат онлајн настава. Ќе биде ужасно напорна, но вас ќе ви претставува големо задоволство. Постарите ќе бидат непослушни како безобразни тинејџери: ќе мора да се карате со нив и да им забранувате да излегуваат за да не се заразат и починат”, напишала МеландриЌе ви кажат дека општеството се обединило во заедничка борба, дека сите сте во ист чамец. И тоа ќе биде вистина. Ова искуство засекогаш ќе го промени начинот на кој се гледате себеси како индивидуа која е дел од една поголема целина”, се вели во писмото.

Ние сме во Италија и ова е тоа што го знаеме за вашата иднина. Ова е само мало претскажување на иднината. Ние сме пророци на ниско ниво. Ако погледнеме во подалечната индина, онаа која е непозната и за вас и за нас, можеме само да ви го кажеме ова: кога сѐ ќе заврши, светот веќе нема да биде ист, вели Меландри.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button