Нема крај на нивната среќа!
Вељко Ражнатовиќ и Богдана бројат ситно до моментот кога ќе се остварат во улога на родители.
Богдана е веќе во деветти месец од бременоста, а синот на Цеца, Вељко, деновиве сподели снимка додека и правеше друштво на сопругата на прегледот.
Тој објави и видео на кое може да се слушне докторот кој објаснува како се развива бебето и Богдана која се смее додека на екранот се гледа малиот Жељко.
Инаку Цеца во едно свое интервју не заборави да истакне дека е пресреќна што наскоро ќе добијат принова во семејството. И покрај тоа што и беше сеедно дали бебето ќе биде машко или женско, не можеше да остане рамнодушна кога Вељко и Богдана прв пат и кажаа дека ќе добијат машко дете и дека планираат да го крстат Жељко.
Цеца која одвај чека да стане баба, за медиумите изјави:
„Најважно е тоа што сите во семејството сме заедно, ние функционираме како една мала фабрика. Горда сум на Вељко, тој е вистински домаќин, спортиста и сигурна сум дека ќе биде феноменален татко. Доаѓањето на бебето ќе биде за нас најсреќниот ден следната година“, изјави таа.